Борбата со пожарите во Грција се уште трае, загинаа пет лица

од Stefanija Kuzmanovska

Пожарникарите и денеска се обидуваат да ги локализираат пожарите кои веќе две недели беснеат во Грција и во кои загинаа пет лица, пред очекуваното враќање на силните ветрови кои се погодни за ширење на пламените јазици. Меѓу медитеранските земји кои се борат со горештините и пожарите, се издвојува Грција, особено на туристичките острови Родос, Крф и Евија, како и во Тесалија од среда.

Тој нов огнен фронт, на периферијата на урбаните области, доведе до смрт на две лица во средата. Со тие два смртни случаја, вкупниот број на загинати за два дена се искачи на пет, што е еднакво на бројот на жртви во Италија кои ги загубија животите или во бури или во пожари на Сицилија.

„Живееме во многу опасни летни денови“

Тие пожари се смируваат, соопштија локалните власти, иако владата прогласи вонредна состојба по неколкудневните високи температури и пожари. Алжир беше најтешко погоден на човечкиот фронт, со 34 жртви како последица на пожарот.

„Живееме во многу опасни летни денови, како и другите девет медитерански земји“, изјави вчера грчкиот министер за цивилна заштита Василис Кикилијас, откако во вторникот избувнаа пожари во Португалија и во Хрватска.

Во Бугарија, каде температурата се искачи на 42 степени, во средата е прогласена вонредна состојба во областа Хасково, во близина на североисточната граница со Грција, поради пожар што се прошири на планините Родопи. Во Грција, цивилната заштита стави под „екстремен ризик од пожар“ голем број области во 7 региони во земјата, вклучително и неколку во Тесалија.

Слични содржини