Борел: Земјите од ЕУ мора итно да испратат противракетни системи во Украина

од Vladimir Zorba

Земјите членки на ЕУ мора итно да испратат противракетни системи во Украина за да ја зајакнат украинската противвоздушна одбрана за да се одбранат од руските напади, изјави денеска високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на состанокот на шефовите на дипломатијата на Г7 во Капри, Италија.

Борел посочи дека Европа не може да се потпира само на американската помош за Украина, пренесе Ројтерс.

Тој изрази уверување дека европските земји ќе испратат помош за Украина, наведувајќи дека тоа мора да се направи итно.

Слични содржини