Бред Пит наводно имал афера со Марион Котилар

од Vladimir Zorba

Веднаш откако излегоа вестите за изненадувачкиот развод помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли, списанието Page Six информира дека Џоли поднела барање за развод откако открила со приватен детектив дека нејзиниот сопруг има афера со актерката Марион Котилар. Сепак, гласините остануваат непотврдени.landscape-1474385274-hbz-brangelina-marion-index

“Таа најмила приватен детектив зашто почувствувала дека флертува со неа на сетот, и излегло дека тоа е вистина. Тоа беше последната капка“, раскажал анонимен извор пред весникот. Пит и Котилар во моментов заедно учествуваат во нов филм “Allied“.gallery-1474385916-gettyimages-532785510

Сепак, списанието TMZ, кое што прво ја објави веста, информираше изворно дека “немало трето лице“ вклучено во разделбата, и дека одлуката на Џоли Пит за развод била единствено базирана на несогласувањето со начинот на кој Пит ги воспитува децата.

Изворите исто така изјавиле дека на Енџи ѝ било доста од консумирањето на трева и алкохол на Бред. Исто така таа зборувала за “проблеми со бесот“.gallery-1474385982-112011-arriving-in-tokyo-gettyimages-134084777

Џоли Пит побарала “поништување на бракот“, според изјавата на нејзиниот адвокат на 15 септември. Таа наводно побарала физичко старателство за шесте деца и сакала тој да добие само правно старателство, со право на посети.

Слични содржини