Бугарија може да остане без европските средства поради корупција

од Nikola Popovski

Резолуцијата усвоена од ЕУ за прашањето за корупција во Бугарија може да доведе до идно распределување на средства од европски фондови за потребите на таа балканска земја, многу покомплицирано, смета политичкиот аналитичар и раководител на одделот за политички науки на Новиот бугарски универзитет, Иван Начев.

Како што рече, во два наврати, и преку извештајот на Европската комисија и преку резолуцијата донесена од Европскиот парламент, Европа го сврте вниманието на Софија на фактот дека е свесна за корупцијата во Бугарија на највисоко ниво.

„Очигледно, се чини дека бугарската влада воопшто не е заинтересирана за тоа“, рекол тој.

Говорејќи за овие европски фондови, Начев смета дека тие служат во сите земји на ЕУ со цел да се зголеми животниот стандард на граѓаните, додека во Бугарија тоа не е случај.

„Тоа е голем проблем и на долг рок, влијае на секој граѓанин поединечно“, додал тој.

Да потсетиме, членовите на парламентот на ЕУ го поддржаа документот со мнозинство гласови, со кој се предлага продолжување на надзорот врз спроведувањето на реформите во судството и борбата против корупцијата во Бугарија.

Според резолуцијата, бугарската влада треба построго да го контролира трошењето на европските фондови и да им гарантира на граѓаните пристап до информации за тоа како се користат парите од данокот и дали тие имаат за цел збогатување на луѓето во владејачката партија ГЕРБ.

Слични содржини