Бугарски интелектуалци до патријархот Неофит: Прифатете ја подадената рака на МПЦ

од Vladimir Zorba

Интелектуалци, јавни личности, новинари, потомци на познати семејства од Македонија ја повикаа Бугарската патријаршија да ја прифати подадената рака на Македонската православна црква и да ја преземе улогата на нејзина мајка-црква.

Тие испратија писмо до бугарскиот патријарх Неофит и до Светиот синод, а текстот е отворен за поддршка од секој што сака да ја даде.

Следните денови ќе биде иницирана национална петиција, со која БПЦ ќе добие поддршка од јавноста во овој деликатен процес, поврзан со прогласувањето на МПЦ за нејзина ќерка-црква и за признавањето на нејзината афтоќефалност.

– Свесни сме дека проблемот со признавањето на автоќефалноста на МПЦ е прашање, кое воопшто не лесно за решавање, инаку нејзината хиерархија не би се наоѓала во изолација веќе 50 години. Но сметаме дека Бугарската патријаршија ги има сите основи, и историски и канонски, да го преземе тешкиот крст и да им помогне на нашите браќа во Република Македонија, нивната црква да го добие своето полноправо место во семејството на православните цркви, се вели во писмото, што го пренесува БГНЕС.

– Христијаните од секогаш верувале дека Бог никогаш нема да ни даде да носиме крст, чија тежина не можеме да ја поднесеме. Очигледно ова што се случува е Божја промисла и доказ дека Бугарската патријаршија има потенцијал и достоинство прва да ја признае канонската самостојност на Македонската архиепископија и да ја воведе во заедничкото православно семејство, додаваат потписниците.

Спорните прашања меѓу двете цркви, според потписниците на писмото треба да се решат по пат на дијалог во името на љубовта.

– И како што вели нашиот Господ Исус Христос: За тоа дека сте мои ученици ќе Ве познаат по љубовта што ја имате еден кон друг!, се вели во писмото.

Потписниците апелираат до Неофит да го земе предвид македонското барање, кое беше испратено на 9 ноември, споменувајќи дека тој и покојниот Врачански митрополит Калиник во 1999 година биле првите бугарски архиереи од 1944 година, кои ги посетиле светите места во Македонија. Меѓу другото се споменува и дека тој два пати му укажал братско гостопримство на македонскиот архиепископ г.г. Стефан во 2014 и 2015 година.

Потписниците ја споменуваат и пораката, која покојниот пловдивски митрополит Арсениј ја испрати во отвореното писмо до бугарскиот патријарх Максим и до српскиот патријарх Павле во 2005 година: „Штом има држава Македонија, се подразбира дека во таа држава треба да има и православна христијанска црква, наречена „Македонска“.

– Немаме илузии дека прифаќањето на подадената рака ќе доведе и до спротивставени тенденции во православниот свет, кој и онака е исполнет со противречности. Сметаме дека дека засега неофицијалната изјава од канцеларијата на Светиот синод за планот за консултации по писмото од македонскиот Синод со останатите помесни цркви и дава можност на БПЦ овој пробллем да го наоправи општоправославен, се вели во писмото.

Потписниците велат дека истовремено таа идеја ја крие опасноста за уште неколку години да се одложи признавањето на македонската автоќефалност и затоа побараа од Неофит на консултациите со локалните цркви да им претстојат разговори со Светиот Синод на МПЦ.

…………………………………………………….

Писмото е потпишано од академик Стефан Воденичаров претседател на Бугарската академија  на науките од 2012 до 2016 година , Љупчо Нешков сопственик на информативната агеницја БГНЕС, Проф. Ангел Станков – професор на Музичката академија, потомок на Митрополитот Натанаил Охридски и Пловдив Рајна Дрангов – почесен претседател на ВМРО, внука  на полк. Борис Дрангов и ќерка на Кирил Дрангов член на ЦК, еден од последните дејци на ВМРО,  Д-р Милен Врабевски – Претседател на Бугарската фондација, Д-р Горан Благоев  автор и директор  на “Верата и општеството” и “Историја.БГ” (Бугарска национална телевизија) ,  Стојко Стојанов, главен и одговорен уредник на Factor.BG,   Проф. Александар Гребенаров – Институт за историски студии при Бугарската академија на науките, Проф. Лизбет Любенова – историчар, Бугарска академија на науките,  Проф. Димитар Гоцев – историчар Христо Кожухаров – Универзитет за национална и светска економија Доц. Д-р Ралица Русева – Институт за уметнички студии на Бугарската академија на науките, раководител на Музејот на христијанската уметност Криптата на споменикот “Св. Al. Невски ” ,Доц. Наум Кајчев – предавач на Историскиот факултет при Софискиот универзитет “Св. Климент Охридски ” Доц. Д-р Тодор Чобанов – археолог доц. Евгенија Благоев – професор на Нов Бугарски Универзитет, внука на Ангел Голометов од Куманово, егзархиски учител и деец на ВМРО Проф. Методи Андреев – предавач на Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија Михаил Развигоров – внук на војводството  Развигоров, син на Страхил Развигоров, член на Централниот комитет на ВМРО, убиен во 1949 година Аглика Маркова – член на Сојузот на преведувачите во Бугарија, ќерка на Јосиф Марков, еден од последните дејци на ВМРО, исчезнат во 1946 година Елисавета Шапкарева – внука на Кузман Шапкарев, Претседател на Бугарското здружение на семејства на Македонија,  Олга Прличева – стара бугарска, пра-внука на Григор Парличев Иван Николов – директор на списанието “Бугарија-Македонија” Христо Матов – внук на револуционерниот Христо Матов Мила Миладинова – потомок на браќата Миладиновци , Елисавета Миладинова – потомок на браќата Миладиновци , Д-р Зоја Андонова – издавачката куќа “Св. Климент Охридски ” Кирил Тодоров – истражувач на бугарско-српските односи Десислав Дионисиев – Извршен директор на “Биопрограма” Д-р Иван Колчаков – болница “Софијамед” Евгелина Александрова – внука на Тодор Александров и др.

целото писмо тука

Слични содржини