Често имате кошмари? Ова се причините

Благодарение на развојот на технологијата, напредна изучувањето на мозочните активности за време на спиењето, па научниците и психолозите ширум светот ги објавија своите резултати. Но зошто имаме кошмари? Швајцарските и американските научници одржале експеримент во кој успеале да го пронајдат одговорот на ова прашање. Според нивното мислење, тоа е вид на тренинг на нервниот систем кој му помага на човекот да се избори со негативните емоции во реалниот живот.
  • Она што го „чувствуваме“ во сонот ни помага да бидеме подготвени за идните можни стресови – велат научниците.
Благодарение на одговорите на испитаниците, откриено е дека постојат две области во мозокот кои се одговорни за кошмарите. Тоа се инсулата и средниот мозочен корткес. Во подоцнежната студија, научниците откриле дека оние кои подолго и почесто имале кошмари, не реагираат остро на негативните работи во реалниот живот, пишува сајтот Brightside. Сега стана јасно дека почесто сме загрижени токму кога нашата потсвест е обидува да ни помогне во решавање на некој проблем. Освен тоа, не знаеме многу за соништата и начинот на кој тие влијаат на нашиот живот, за тоа дали нашата потсвест секогаш низ соновите комуницира со нас.

Слични содржини