Демократскиот сојуз јавно ги повикува граѓаните, граѓанските асоцијации, експертите, медиумите и политичките партии, преку демократски средства да ја блокираат реализацијата на еврообврзницата од 650. 000.000 евра.

ds-demokratski-sojuz-pavle-trajanov-670x421

Со ова обврзница Македонија се задолжува со милијарда евра (650 000 000 евра еврообврзница и 350 000 000 евра камата), во услови на длабока и тешка политичка криза и без консултации со опозицијата, експертите и пошироката јавност.

Тргнувајќи од фактот дека задолжувањето го прави Влада која е техничка и која за десетина дена ќе биде сменета, како и барањето на мнозинството граѓани да не се задолжува повеќе државата, апелираме до банките-потенцијални купувачи на еврообрзницата и меѓународните финансиски институции, да не ризикуваат и да ја блокираат реализацијата на еврообврзницата, независно од моменталната примамливост за висок профит.

Воедно ги повикуваме пратениците од опозицијата, заедно, да побараме (потребни се најмалку 20 пратеници) одржување на вонредна седница на Парламентот, на која ќе се расправа за еврообрзницата и вкупниот долг на државата.

ДС ја повикува Владата да ја преиспита одлуката за задолжување на Македонија за една милијарда, кога за тоа нема потреба и без економски потенцијал да се сервисира долгот спрема странските кредитори, соопштуваат од Демократскиот сојуз.

Слични содржини