Дете се здобило со тешка телесна повреда во градинка во Шуто Оризари

од Vladimir Zorba

Родител во СВР Скопје вчера пријавил дека неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачје на Шуто Оризари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Синоќа во 19:50 часот во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08:00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10:00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, се наведува во соопштението на Министерството.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини