Докторка од Македонија ја примила кинеската вакцина против ковид 19 во Србија

од Берта Китинска

Сѐ беше организирано, ме примија како доктор од Македонија и без проблем се вакцинирав, изјави за Сител, докторката Ирена Витановска која вчера во Бујановац примила кинеска вакцина против Ковид-19.

Таа вели дека без добиен код не може да се прими вакцинита. Во однос на постапката вели дека секој што има српски документ може да се вакцинира.

– Треба да има српски документ. Јас имам српски документ зашто порано работев во Србија. И така можев да се најавам од српски телефон преку мои роднини за Институтот Торлак да ме регистрира, вели Витановска.

Откако црногорските медиуми почнаа да објавуваат дека нивните граѓани можат да се вакцинираат во Србија доколку платат околу 70 евра за доза од вакцината на Синофарм, пристигна демант од српските здравствени власти. Советникот за медиуми во министерството за здравство, Златибор Лончар вели оти тоа е апсолутно неточно.

Слични содржини