ДУИ ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и уверува дека следниот претседател ќе се избира во Собранието

од Nikola Popovski

ДУИ ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека се обединиле против нивното барање за изборот на шеф на државата во Собранието. Колку за потсетување, ваквото барање е главна точка на платформата што партијата на Али Ахмети ја истакна преку кандидатурата на Бујар Османи за претседател.

-ДУИ и Европски фронт ги потсетуваат двете гореспоменатите партии дека, како што го добивме првиот премиер Албанец, така ќе го добиеме и првиот претседател Албанец. Знаеме дека на почетокот ВМРО, СДСМ и нивните поддржувачи не се согласуваа со премиер Албанец, а денес гледаме како Талат Џафери ја предводи Владата, а министрите на ВМРО и СДСМ се дел од кабинетот на Џафери. Широката мултиетничка коалиција Европски фронт докажа дека политиките на ДУИ биле и се за целосна рамноправност на сите граѓани без разлика на етничката и верската припадност, а главната цел останува најбрзото можно членство на Северна Македонија во Европската Унија, велат од партијата од Мала Речица.

ДУИ веќе го соопшти својот услов за поддршка во вториот круг од претседателските избори. Вицепремиерот и функционер од владеачката партија, Артан Груби кажа дека гласовите ќе припаднат на онаа политичка партија која ќе прифати избор на претседател во Собрание, за што е потребно и промена на Уставот.

Слични содржини