Два умерени земјотреса ја погодија Грција

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди грчкиот остров Крит утрово во 02:18 часот, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 139 километри од Ираклион на длабочина од 24 метри.

Уште еден земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, овој пат во Јонското Море околу 08:30 часот по локално време.

Слични содржини