Еден од најпосакуваните холивудски ергени ќе стане татко: „Возбуден сум“

од Vladimir Zorba

Еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил, откри дека го чека своето прво дете со девојката Натали Вискузо. 40-годишната ѕвезда на „Superman“ и „The Witcher“ ја потврди среќната вест за „Access Hollywood“ на премиерата на „The Ministry of Ungentlemanly Warfare“.

„Многу сум возбуден поради тоа. Јас и Натали сме многу, многу возбудени”, рекол актерот.

Кавил и неговата 34-годишна девојка се заедно речиси три години, а тој откри дека бил во врска во 2021 година кога на Инстаграм сподели видео како играат шах.

Двојката го имаше своето деби на црвениот тепих на премиерата на „Enola Holmes 2“ во 2022 година. Натали работи како директорка на телевизија и накратко проба како е да се биде пред камера како тинејџерка на MTV My Sweet 16 .

Слични содржини