Едно лице загина во експлозија во Основниот суд во Подгорица

од Vladimir Zorba

Едно лице загина, а неколку се повредени откако била активирана бомба во зградата на Основниот суд во Подгорица, јави репортерот на „Ал Џезира Балкан“.

Младен Булатовиќ (40) од Подгорица загина во експлозија на бомба во Основниот суд во Подгорица, а седум лица се повредени, соопшти полицијата.

„Во 11:35 часот добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени лица. Утврдено е дека починал М.Б. (40) кој ја активирал експлозивната направа“, изјави Срѓан Кораќ од Управата на полицијата, јавува Радио-телевизија на Црна Гора.

Повредените, како што информираат од полицијата, се згрижени во Клинички центар.

„Не би требало да има сериозно повредени“, им рече Корач на новинарите.

Директорката на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), Љиљана Радуловиќ, соопшти дека во здравствената установа се пријавиле седум лица, од кои пет се повредени. Како што рече, сите се во стабилна здравствена состојба.

„Во тек се сите дијагностички процедури, за да се утврдат повредите. Најважно е сите тие да имаат стабилни витални параметри“, рече Радуловиќ.

Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе.

Веднаш по експлозијата, сите вработени во Основниот суд ја напуштија зградата.

На терен се екипи на Брза помош, полиција и противпожарна единица.

„Екипи на Полициската управа и надлежни служби се на терен за увид и обезбедување на местото на настанот“, соопштија од полицијата.

Истрагата е во тек.

Слични содржини