Едно од тешко повредените девојчиња при пукањето во Финска е со потекло од соседството

од Nikola Popovski

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изразила сочувство до семејството на трагично починатото девојче во основното училиште во градот Ванта, во близина на Хелсинки, а на двете тешко повредени девојчиња, од кои едното е со потекло токму од Косово, им посакала брзо закрепнување.

„Косово ја споделува тагата на семејствата по трагичното пукање во училиштето во Финска. Изразуваме искрено сочувство до семејството и им посакуваме брзо закрепнување на повредените, меѓу кои е и едно девојче од Косово“, објавила Османи на социјалната мрежа „Икс“.

Како што објавија финските медиуми, едното повредено девојче има двојно финско-косовско државјанство.

Момче (12) од Финска е осомничено за пукањето во основното училиште. Финскиот премиер Петери Орпо го опиша пукањето како длабоко вознемирувачко и дека неговите мисли се со жртвите и нивните семејства, како и со сите во училиштето. Мотивот за пукањето, според финската полиција, бил малтретирање и злоставување врз малолетникот.

Фото: Markku Ulander / Shutterstock Editorial / Profimedia

Слични содржини