Екстремисти од македонски иселеници во Мелбурн запалија грчко и бугарско знаме и макети од Заев и Шекеринска

од desk4

 

Група македонски иселеници утрово се собраа пред македонскиот конзулат во Мелбурн каде запалија грчко и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска, извикувајќи навреди за актуелната власт.

 

Тие носеа знамиња со сонцето од Вергина, и го симнаа македонското знаме од јарболот пред македонскиот конзулат и закачија знаме со сонцето од вергина, а потоа извикуваа навредливи зборови за актуелната власт за името, изразувајќи отворено несогласување со името Северна Македонија. Групата беше незначителна и очигледно мотивирана да предизвика  инцидент за време на државниот празник на независноста на Македонија.

Слични содржини