Филипче: Се уште не размислуваме за зголемување на полицискиот час

од Берта Китинска

Во врска со промената на полицискиот час министерот за здравство изјави дека се уште не се размислува да се зголеми.

-Засега не е разговарано за оваа тема, всушност полицискиот час е оној кој помогна за да се намали бројот на новозаболени. Токму полицискиот час беше клучен тој ни помогна во контролата на населението.Не размислувавме за да го зголемиме, но ќе ја следиме состојбата и ако е потребно ќе предложиме тој да се зголеми, изјави Филипче.

Слични содржини