Формула 1 воведува спринт трки

од Stefanija Kuzmanovska

Раководството на Формула 1 одлучи дека ќе се тестира нов формат на натпреварување на три трки оваа сезона, во кои ќе се вози една спринтерска трка наместо претходните класични квалификации.

Две спринтерски трки ќе се одржат во Европа, а една надвор од нашиот континент, но сè уште не е објавено на кои патеки ќе возат.

Спринт трката, која ќе биде долга над 100 километри, ќе се вози во сабота. Резултатите од „спринтот“, покрај одредувањето на почетните места за неделната трка, ќе му донесат и три бода на победникот, второпласираниот ќе добие два, а третиот по еден бод.

Целта на измените е да се зголеми интересот за натпреварувањето и да се погрижи за повеќе настани за време на тркачкиот викенд.

„Гледањето на трките сите три дена за време на тркачкиот викенд ќе биде возбудливо. Сигурен сум дека дополнителните борби ќе им се допаднат и на возачите. Мило ми е што сите тимови се загреаа за новостите. Тоа е дел од планот што ќе им понуди на навивачите повеќе настани, истовремено почитувајќи ја традицијата на нашиот спорт“, изјави шефот на Формула 1, Стефано Доменикали.

Слични содржини