(ФОТО) „Луѓето секогаш се спремни да си помогнат во неволја“: Македонци и Грци заедно гаснеа српски автомобил

од Nikola Popovski

Српска државјанка сподели на социјалните мрежи дека ѝ се запалил автомобилот во Грција, а Македонци и Грци ѝ помогнале да го изгасне пожарот. Според веста што е објавена на Фејсбук групата „Грчка инфо“, српското семејство се враќало од одмор во Грција.

-Почит кон нашите пријатели на автопатот. Македонци и Грци со здружени сили го изгаснаа автомобилот кој ни се запали на враќање од морето. Ви благодарам многу!, објавила Србинката.

Додала дека сите се добро, иако скокнале од колата во движење заедно со децата.

-Пламените јазици избувнаа, да не дојдоа на помош, автомобилот ќе експлодираше. За гаснење беа потребни три големи противпожарни апарати. Не можам да ја опишам брзината и умешноста на овие прекрасни луѓе, дури и не им ги знам имињата, додала Србинката.

Објавата наиде на голем поздрав и предизвика бројни позитивни коментари.

-Секоја чест за браќата од Македонија и Грција, Ова е доказ дека има многу добри луѓе, Луѓето секогаш се спремни да си помогнат во неволја, политиката си го прави своето, се само дел од коментарите под објавата.

Слични содржини