Во својата кратка оценка,  за тоа кој го продава името на државата и со која стратегија се занимава владејачката политичка структура, веб сајтот Либертас прави интересниа паралела.

„Каква коинциденција! Само неколку дена пред да бидат направени снимките од разговорите на кои Љубе Бошковски наводно го „продава името“, во април 2011 година грчкиот весник „Македонија“ објавува текст дека Македонија и Грција водат тајни преговори за името.

blic
И тоа не е веста. Изненадувачка е коинциденција, во наводите во текстот дека „тајните преговори за името ги водат поранешниот директор во ’Окта‘, Емануел Малелис-Маноли и Алекс Рондос, од грчка страна, и браќата Мијалкови – Сашо и Влатко, од македонска страна“.

dnevnik

На снимките со Бошковски стои датумот 12 април 2011 година, а македонските (видиДневник) и регионалните медиуми (види Блиц) ги пренесуваат пишувањата на грчкиот весник „Македонија“ на 8 и 9 април 2011 година.

„Посредникот, кој зборува македонски со грчки акцент“, чиј лик е заштитен на снимките со Бошковски, многу потсетува на еден од актерите од грчка страна, вклучен во „тајните преговори“ за кои инфомира весникот „Македонија“, што е уште една интересна коинциденција.

За сите што сакаат да употребат едноставна логика и да ги споредат датумите од снимките со датумите од новинарските написи, како и имињата на актерите, не се потребни дополнителни објаснувања и толкувања – кој продавал и купувал.

Слични содржини