(ГАЛЕРИЈА) Мет Гала 2018: Како заблескаа ѕвездите на црвениот тепих

од Vladimir Zorba

Црвениот тепих уште еднаш собра соѕвездие на популарни личности. Мет Гала – најмодерниот настан во годината  во Metropolitan Museum of Art заврши пред неколку часа. Темата на годинашната церемонија беше “Небесни тела: модата и католичката имагинација”, а изложбата ќе биде официјално отворена на 10 мај, со тоа што Ендру Болтон ќе биде нејзин куратор.

Папската облека ќе биде изложена за прв пат. Оваа година се одбележуваат 70 години од најимпресивниот настан кој собира средства за модната индустрија. Како што велат, темата на вечерта, гостинските тоалети на настанот требаше да потсетат на Католичката црква.

Дефинитивно ова  е најимпресивната вечер во која Мадона, Сара Џесика Паркер, Џенифер Лопез, Кети Пери и голем број на други личности од шоу бизнисот се појавија со неверојатна визија.

Како другите познати личности-гости на гала вечерта ја разбраа темата, погледнете во галеријата.

Слични содржини