Ги убил сопругата и синовите, а потоа се застрелал

од Stefanija Kuzmanovska

Страшна трагедија се случи вечерва кај Косовска Витина кога маж ги уби сопругата и синовите, а потоа се самоуби.

Мажот Фетах Зука, вечерва го уби целото семејство, а потоа изврши самоубиство!

Тој прво пукал во устата на неговата сопруга Макфира, а потоа ги убил неговите синови Арбер и Хамдија.

Косовската полиција потврди дека во Витина околу 18 часот се случило четирикратно семејно убиство и објави дека истрагата е во тек.

„Се сомнева дека Ф.З со огнено оружје ги убил сопругата на М.З и неговите две деца Х.З и А.З., и на крајот извршил самоубиство. Полициските и медицинските екипи веднаш излегле на местото на несреќата, но тие само можеле да ја потврдат смртта на сите членови на семејството. По наредба на обвинителот, нивните тела ќе бидат испратени на обдукција до Институтот за судска медицина во Приштина“, се вели во соопштението.

Медиумите наведуваат дека семејството дошло од Швајцарија за празниците, а се претпоставува дека човекот сам си пресудил во дворот на куќата откако ги убил сопругата и двете момчиња.

„Со години се во лоши односи. Прво ја убил својата сопруга, а потоа и момчињата. Излегол во дворот и се застрелал во устата”, рекол извор.

Извори од обвинителството во Гњилан за „Газета“ велат дека причината што довела до убиството е конфликт што брачниот пар го имал во странската земја каде што живееле.

Во тек е полициска истрага.

Слични содржини