Ѓорчев: Македонското општество треба да биде поотворено по прашањето со Бугарија

од Nikola Popovski

Поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев смета дека паѓањето на владата на бугарскиот премиер Кирил Петков е очекувано.

-Во Бугарија во моментов секаква опција е можна, но по се изгледа ќе има нови избори, смета Ѓорчев.

Според него, ние сме хендикепирани околу францускиот предлог.

-Јас користам извори од мојот пријател Љубчо Нешков од БГНЕС и не можам да бидам 100% сигурен, затоа што тоа може да биде и несоодветен извор. Ние немаме македонски извор. Од она што го читам, очигледно е дека францускиот предлог е прифатлив за бугарските власти. Ние уште не знаеме дали во поглавјето 35 е влезен пакетот 4+1 бугарски барања, рече Ѓорчев.

Toj појасни дека има голем проблем во двонасочниот македонско-бугарски комуникациски канал.

-Тоа што се должи поради тоа што македонското општесто е малку вклучено и запознато со таа комуникација. Требаше науката, универзитетите, МАНУ, граѓанскиот сектор да учествуваат во оваа дебата и да не биде толку во тајност. Очигледно дека бугарското општество е поотворено по ова прашање. Отворено зборуваат. Нашата слабост е во криењето под тепих, констатира Ѓорчев во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини