Градоначалникот на Крива Паланка позитивен на коронавирус

од Aleksandar Petrovski

„Почитувани пријатели, роднини и сограѓани, ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на ковид-19 во редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен, објави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

-За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација.

Во исто време сите вработени од денес 02.09 до 09.09.2020 ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби.

Екипи на Јавно Здравје веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк. Никој не е имун! Носете заштита и почитувајте ги препораките на Комисијата за здравство“ – порача Мицевски.

Досега во  Крива Паланка се регистрирани 48 случаи на Ковид-19, а активни се уште 13.

Слични содржини