Гроси откри што треба приоритетно да се постигне во централата Запорожје (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на Агенцијата за атомска енергија на ОН најави дека приоритет на неговата посета на нуклеарната централа Запорожје е да обезбеди вода за ладење на реакторот и дека во тој случај електраната би можела безбедно да работи „некое време“.

Според „Ројтерс“, Рафаел Гроси од Меѓународната агенција за атомска енергија извршил увид во состојбата на најголемата нуклеарна централа во Европа по минатонеделното пробивање на браната Каховка на реката Дњепар.

„Она што е важно за безбедноста на оваа електрана е водата што ја гледате зад мене да остане на тоа ниво“, рече Гроси во видео пораката на Твитер.

„Со водата овде, постројката може да биде безбедна некое време. Таа ќе работи на надополнување на водата за да може нормално да продолжат безбедносните функции“, додаде тој.

Гроси рече дека за време на посетата на електраната што ја зазедоа руските сили во првите денови од инвазијата во февруари 2022 година, собрал „добра количина на информации за проценка“.

Русија и Украина постојано се обвинуваат меѓусебно за гранатирање во близина на електраната, загрозувајќи ја нејзината безбедносна работа. Шестте реактори на станицата сега се исклучени.

Претходно Гроси рече дека е нереално да се очекува Москва и Киев да потпишат документ за безбедноста на локацијата додека борбите се водат во близина.

Слични содржини