Хорор во Унгарија: Петмесечно бебе починало од глад, полицијата покрена истрага

од Stefanija Kuzmanovska

Петмесечно бебе починало од глад во Торнажадања во Унгарија, а полицијата сега го истражува убиството, бидејќи било утврдено дека бебето тежи само три килограми.

Според локалните медиуми, бебето било пронајдено мртво во своето креветче на 11 ноември наутро.

Полицијата соопшти дека против непознато лице се води истрага за убиство од небрежност.

Медиумите пишуваат дека мајката на починатото бебе има уште две деца, пренесува „Телеграф“.

Слични содржини