„Имаме јасна понуда в недела – Арифи во Тетово, Шилегов во Скопје“

од Берта Китинска

Ние и нашата широка коалиција имаме јасна понуда  – Теута Арифи во Тетово во чија програма се наоѓаат најзначајните проекти од зелената агенда, од пречистителните станици, гасификацијата на градот, па се до реализација на Коридорот 8. Во иста насока е изборот на Невзет Бејта за Гостивар, вреден работлив и успешен кандидат кој не само ќе обезбеди нова перспектива  за Гостивар, туку и ќе претставува еден вид гарант во сите инвестиции во полошкиот реигон, вели Османи, додавајќи дека тоа се однесува и на сите нивни кандидати – во Чаир, Арачиново, Желино, Кичево, Дебар, Струга, Врапчиште, Теарце и Чашка…… рече на денешната прес-конференција портпаролот на партијата Бујар Османи.

Тој порача дека за секој кандидат на ДУИ стои обврската наметната токму од зелената агенда и обврска преземена пред граѓаните на овие избори. Тоа е добар избор кој не само што обезбедува гаранција за зеланта агенда во нашите општини, туку, како што нагласи, и гаранција за нејзино наметнување длабоко во сите општствени текови.

Со непомала важност, според Османи, е и изборот за градоначалник во главниот град, изразувајќи поддршка за актуелниот градоначалник Петре Шилегов.

– Скопје е главен град на целата држава и град кој е важен за сите негови граѓани. Петре Шилегов го покажа токму тоа, дека Скопје може да биде град на сите негови граѓани. Изминативе четири години видовме што значи рамноправен развој на градот без разлика дали во одредени региони живеат Албанци или Македонци, дали живеат Турци, Роми, Бошњаци, Срби или Власи. Скопје станува град на сите, град за сите и тоа треба да го зачуваме. Тоа е важно за нас скопјани, но тоа е важно и за севкупниот мултикултурен амбиент на државата, истакна Османи на прес-конференцијата одржана на последниот ден од изборната кампања пред гласањето в недела.

Слични содржини