Инцидент во Собрание: Пратениците на Левица ги расфрлаа амандманите

од Nikola Popovski

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов предизвикаа инцидент во Собранието откако почнаа да ги фрлаат нивните предложени амандмани, но и предметите што се наоѓаат на масата на претседателот на Собранието. Исто така беа користени и повисоки тонови.

Дел од листовите хартија беа расфрлани кон потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, кој претседаваше со седницата. Беше искршен и екранот, на кој што работат претседателот и потпретседателот на Собранието.

Двајцата пратеници претходно побараа да се прекине седницата бидејќи дел од нивните амандмани не се архивирани.

Пратениците со 87 гласа за и 3 против го усвоија дневниот ред во Собранието.

Апасиев сметаше дека без преседан е фрлањето на 2500 амандмани и дека Собранието се става над Уставот. Амандманите се однесуваат на измените на собранискиот Деловник.

Пратениците побараа седницата да биде прекината додека нивните амандмани не бидат разгледани. По ова, Мисовски беше принуден да даде половина час пауза.

Слични содржини