Италијанската полиција заплени 760 килограми кокаин, приведе 21 лице

од Vladimir Zorba

Италијанската полиција растури синџир за дистрибуција на дрога, заплени 760 килограми кокаин скриен во контејнери со телешка кожа, јавија денеска локалните медиуми.

Се наведува дека приведени се 21 лице, меѓу кои најмногу Италијанци и Доминиканци, како и еден Албанец, објави „Албаниан Дејли Њуз“.

Според проценката, вредноста на запленетиот кокаин на нарко-пазарот би достигнала повеќе од 60 милиони евра доколку се продава во дози и 23 милиони доколку се продава целосно.

Слични содржини