Јанева: Библија на мојата работа беше Законот за кривична постапка

од Берта Китинска

Поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во својата одбрана за случајот „Рекет“ денеска, тврди дека работела по законот за СЈО.

Народот конечно виде правда, се гордеам на начинот на кој работев јас и моите помошници обвинители. Библија на мојата работа беше Законот за кривична постапка и Законот за СЈО. Според овие закони работев во изминатите години, рече Јанева.

Таа напомена дека нејзини заменици биле Елизабета Јосифоска и Ленче Ристоска, а сакала да ја стави и Фатиме Фетаи, но таа одлука за промена не била одобрена од Советот.

Слични содржини