„Јавна соба“ доказ дека живеме во време во кое има недостаток од знаења и информации, лажен морализам и табуизирање на нормални теми

од Ивана Рамаданова

„Јавна соба“ е случај кој уште еднаш не’ потсети на тоа дека живееме во време во кое има недостаток од знаења и информации, лажен морализам и игнорирање или табуизирање на сосема нормални и природни теми. Овој случај уште еднаш не’ натера да размислиме во кој правец се движи денешната младина и кој е виновен за нивното лошо поведение. Според мислењето на дел од експертите, прстот не можеме и не смее секогаш да се впери само во младите, бидејќи како што велат, проблемот е многу покомплексен.

Според Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини, постојат веќе развиени различни модели низ светот кои можеме да ги аплицираме и кај нас, но сеопфатното сексуално образование е универзален „лек“ против овие суптилни и опасни форми на насилство.

Важно е легислативата да се развива во склад со новите состојби и тенденции, па така креирањето на ефективни политики кои ќе го регулираат sexting-от кај младите е важен чекор. Прашањето сепак сугерира повеќе фокус кон превенција, па во таа насока многу е важна училишната средина. Училиштето мора да искреира интерни механизми за превенција и заштита од насилство, вклучувајќи онлајн булинг и вознемирување. Понатаму, училиштето треба да биде безбедна средина за разговор меѓу младите и возрасните на теми поврзани со нивниот личен, емотивен, но и сексуален развој. Конечно,врснички тимови за поддршка се одличен механизам кои ги штити жртвите од виктимзација затоа што во адолесценција, поддршката од врсници значи многу повеќе отколку поддршката од возрасните.

Во овој случај не треба да се зборува за изместени вредности, бидејќи како што вели, секоја генерација ја дефинира следната како генерација со изместени вредности.

„Тоа беа нашите родители за нашите баби и дедовци, тоа сме ние за нашите родители, а сега веќе нашите деца за нас. Не постои генерација која во одредени моменти не извикувала параноично дека вредносниот систем  е изместен. Не би се сложила со овие панични испади. Проблемот не е во изместените вредности, туку во недостаток од знаења и информации, во лажниот морализам и игнорирање или табуизирање на сосема нормални и природни теми како сексуалност и сексуална активности. За да спречиме настани од типот на сексуално вознемирување и насилство (онлајн или офлајн) потребное да се зафатиме со овие набројани причини за истото, односно потребени се еманципаторски политики во сите сфери на општеството, сеопфатно сексуално образование достапно за сите млади и систем кој гарантира заштита на жените и деовјките, но и сите оние кои можат да бидат жртви на овој тип на кривични дела“, вели Цветковиќ.

Во нашето општество, додава таа, темите како сексуалноста и сексуалните практики и однесувања секогаш биле табу, а кога сексуалноста е репресирана и табуизирана, појави од овој тип се очекувани.

„Како и секој комплексен пробем, така и ова за жал нема едноставна причина или корен. Одговорноста не може да биде индивидуална (па дури ни на едно министерство или една влада, а камоли еден човек) туку колективна. Македонското општество е конзервативно и традиционално, а во такви општества родовата нееднаквост е висока, сексуалноста табуизирана, жртвите-виновни, а насилниците- херои“, додава Цветковиќ.

Од друга страна пак, невропсихијатарот Мице Дудучки смета дека проблемот треба и мора да се анализира од сите аспекти, а почетна точка би била секако воспитниот, а веднаш зад него образовниот процес, кои за жал во секој поглед ни се инсуфициентни.

„Разнишаните морални вредности, лесната достапност до средствата за масовна комуникација на најмладите, злоупотреба на современата комуникациска технологија, незрелоста на младите и неинкорпорирање во нивната психа на адекватни норми и принципи на однесување, сето тоа резултира со наведената социопатолошка појава. Од друга страна толерантноста на законот кон сексуалните престапници, а кога се работи за малолетни лица, можеме да кажеме дека се тоа тешки кривични дела, овозможува овој вид сајбер криминал да се шири со москавична брзина зафаќајќи ја и нашата средина. Несанкциониран голем број педофили, сексуално настрани лица и нивната лесна достапност до децата во пубертет, младите и постарите адолесценти се друга значајна причина за манифестирање на ваквата психопатолошка појава. Превенцијата во сите сфери на живеењето на младите, ограничување на достапноста на содржините на социјалните мрежи и интернјетот во целина како и усмерување на младите кон здрави спортски, кутлурни, едукативни и образовни активности значително ќе ја намали стапката на ваков вид деликевнтно однесување и ќе помогне во создавање на емоционално, социјално и психосексуално здрави и одговрни личности. За жал, во сите овие наведени боласти загазивме и индивидуално и колективно“, вели Дудучки.

Според него, живееме во време на социјална психоза со извитоперени, перветирани системи на вредности од една страна, од друга имаме раслојуавње на општественото ткиво у пукање на истото по сите рабови.

„Во оваа социопсихолошко, социоекономско и социокултерелно време на површина испливуваат индивидуални, колективни и општествени психопатолошки појави. Една од нив е всушност еден од многуте врвови на ледените брегови на нашата општествена ствраност и настаните со експлицитни појави на еротски и други порнографски содржини на млади и малолетни лица, што секако, треба да не загрижи каде оди нашето општество и кои општествени вредности сакаме да ги развиваме кај нас самите, а посебно кај адолесецнтната популација. Јасно дека таа возрасна група е највулерабилната во општеството, па целата социјална патологија првин се пресликува во нивната емоционална состојбва, однесување и пред се врз нивниот психосексуален развој“, вели Дудучки.

И.Р.

Слични содржини