Јована Аврамовска е новa портпаролка на Министерството за финансии

од desk2

Новинарката Јована Аврамовска е нова портпаролка на Министерството за финансии. Аврамовска била новинар во телевизија „Сител“, а на јавноста ѝ е позната по емисијата „Фчерашни новости“.

Таа дипломирала на Економски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што професор ѝ бил актуелниот министер за финансии, Драган Тевдовски.

Транспарентноста и отчетноста за трошењето на јавните пари е една од целите што ги најави Министерството за финансии, а во таа насока беше и редизајнот на веб-страницата.

Слични содржини