Кичево, Битола и Ресен ќе добијат 300 прехранбени пакети од Амбасадата на НР Кина

од Берта Китинска

Со финансиска поддршка од Народна Република Кина денеска ќе бидат поделени околу 300 прехранбени пакети во општините Кичево, Битола и Ресен.

Станува збор за донација од Амбасадата на НР Кина наменета за лица од социјално загрозена категорија на граѓани од овие општини, погодени од пандемијата Ковид – 19, информираат од кабинетот на министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми, Музафер Бајрам.

Како што е наведено во соопштението, министерот Бајрам денеска остварил работна средба со амбасадорот на НР Кина, Џанг Ѕуо, на која било дискутирано за проблемите и предизвиците со кои се соочува ромската заедница, а воедно биле презентирани и идните активности во чии рамки можна е поддршка од оваа пријателска земја.

Слични содржини