Клoп: Реал е фаворит, но ние сме Ливерпул

од desk2

Во пресрет на финалниот натпревар од Лигата на шампионите со Реал Мадрид, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекува голема борба против фаворитот.


50-годишниот Германец вели дека и Ливерпул има свои адути и квалитет да го освои елитното натпреварување.

– Точно е дека тие се фаворити. Ја освоија ЛШ четири пати во последните пет години. Постојат три доминантни екипи во последните години и ние се соочуваме против една од нив. Немам проблем со оваа ситуација и не се чувствувам како аутсајдер. Ливерпул не беше фаворит и во 2005 година, па го освои трофејот. Искрено, ми се допаѓа да сме во оваа улога. Реал е тим со огромни квалитети и тргнува за трет последователен титула, но ние сме Ливерпул и ова не треба да се заборави, истакна Клоп.

Финалето од Лигата на шампионите ќе се игра на 26 мај во Киев, Украина.

Слични содржини