Кокаин меѓу банани: Дрога вредна повеќе од 10 милиони евра пронајдена во магацин на фирма во Херцеговина

од Nikola Popovski

На подрачјето на Широки Бријег, БиХ, во магацин на фирма, пронајдено е поголемо количество кокаин, потврдија за порталот „Аваз“ од Полициската управа на МВР на кантонот Западна Херцеговина.

Кокаинот бил пронајдени меѓу пакувањата со банани, од страна на работници во фирмата, кои го известиле сопственикот, кој потоа веднаш ја алармирал полицијата.

Повеќе информации не биле објавени, бидејќи истрагата, како што велат, е на членови на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА).

Јелена Миовчиќ, портпаролка на СИПА соопштила дека засега не може да дава никакви информации, освен дека се работи за меѓу 120 и 150 килограми кокаин во вредност од 20 до 30 милиони КМ (10 милиони евра).

Слични содржини