Конференција: Климатските промени бараат посериозен национален и регионален пристап

од desk4

Конференција посветена на државниот суверенитет, климатските политики и решавање спорови во животната средина се одржува денеска во Скопје, во организација на Институтот за Мас Медиуми, Едукација и Комуникации (ИММЕК) од Скопје и ФОН Универзитетот, заедно со интересната група за право на животна средина на Американското друштво за меѓународно право (ASIL) и Глобалните правни иницијативи за одржлив развој „gLAWcal“.

Паоло Давиде Фара од Универзитетот Западна Вирџинија, САД,  и претставник на глобалните правни иницијативи за одржлив развој „gLAWcal“ смета дека владите, а особено Северна Македонија којашто треба да пристапи кон НАТО и Европската Унија, треба сериозно да работат на оваа тема.

– Климатските промени и заштитата на животната средина се исклучително важни за националната, регионалната и светската безбедност бидејќи последиците од нив се одразуваат на разни проблеми поврзани со заштита на човековите права и влијаат врз економијата. Сметам дека Република Северна Македонија и земјите од регионот треба заеднички да дејствуваат против климатските промени и да продолжат да се борат за заштита на животната средина и остварување одржлив развој, вели Фара.

Како што информираше претседателката на ИММЕК Институтот Фросина Антоновска на конференцијата успеале да донесат 12 говорници од различни универзитети и институти од светот што, како што рече, е навистина успех со оглед на тоа што во државава дебатата за правото на животна средина се уште не е присутна во академската фела.

– Навистина се надеваме дека со разгледувањето на овие прашања од страна на меѓународни учесници и локални учесници кои работат истражувања на таа тема ќе придонесе за малку посериозен пристап во креирањето на јавните политики и на законодавството во областа на животна средина и понатаму во имплементацијата на тоа законодавство. Се надеваме дека со организирањето на овој тип на конференција ќе успееме да организираме и други на слични поврзани и други теми со кои со една компаративна анализа ќе успееме да го надминеме она што ни недостига во академската јавност, вели Антоновска.

Чаму Куппусвами од правниот факултет Херфордшир, Велика Британија, пак информираше дека двајца студенти од Скопје кои студирале на нејзиниот универзитет се заслужни за организирање на овој настан.

– Интересно е што во време на глобализација забележуваме не само миграција на луѓе кои заминуваат да студираат во странство, туку имаме и миграција на идеи, како што можеме да видиме од оваа конференција. Важно е да се зборува за проблемите поврзани со животната средина, но и за проблемите со кои се соочуваат земји како Северна Македонија, рече Куппусвами. 

 

Конференција „Државен суверенитет, климатски политики и решавање на спорови во правото на животната средина“

– Климатските промени и заштитата на животната средина се исклучително важни за националната, регионалната и светската безбедност, бидејќи последиците од нив се одразуваат на разни проблеми поврзани со заштита на човековите права и влијаат врз економијата, порача Паоло Давиде Фара од Универзитетот Западна Вирџинија, САД на денешната конференција за државниот суверенитет, климатските политики и решавање на спорови во правото на животната средина. #MIA https://mia.mk/2019/09/konferenci-a-klimatskite-promeni-baraat-poseriozen-nacionalen-i-regionalen-pristap/

Публикувахте от MИА.mk в Вторник, 10 септември 2019 г.

Слични содржини