Конгресот на САД не поддржа воена интервенција во Венецуела

од Vladimir Zorba

Американскиот Конгрес не поддржа воена интервенција на САД во Венецуела, изјави шефот на Комитетот за меѓународни односи при Претставничкиот дом, Елиот Енгел.

– Воена интеревенција не е можна опција. Конгресот е тој што одлучува каде и кога американските сили ќе бидат искористени во светот, истакна Енгел.

Претходно, претставници на американската администрација соопштија дека се разгледува можноста за употреба на воена сила, кога станува збор за решавање на прашањето во Венецуела.

Исто така, и руските власти го предупредија официјален Вашингтон да не се меша во внатрешните прашања на Венецуела, вклучувајќи и евентуална воена интервенција.

Шефот на руската дипломатија сергеј Лавров лично го предупреди американскиот државен секретар Мајк Помпео дека секое мешање во внатрешните работи на Венецуела ќе претставува кршење на меѓународното право.

Слични содржини