Лога демантира дека игнорира прашања на македонски јазик

од Vladimir Zorba

Со огромно жалење сакаме да ги демантираме лажните вести според кои министерот за правда Кренар Лога, наводно игнорира новинар и прашање поставено на македонски јазик. Во конкретниот случај, министерот Лога одговори дека прашањето треба да се постави до Управата за водење матични книги како најповикувана инститиција, велат од МП.

„На истиот настан за сите други прашања, министерот Лога го повика новинарот да дојде во негова канцеларија за секакви други прашања надвор од денешната тема.

За пристапот на министерот Кренар Лога кон медиумите и новинарите, најдобар одговор е неговиот отворен однос, подготвеноста и учеството на прес-конференции, емисии како и на брзите одговори на секоја тема со интерес за јавноста, а за ова можат да сведочат сите новинари кои го следат секторот и активностите на министерството“, тврдат од Правда.

Слични содржини