Локализиран пожар во Драчево кој зафатил две бараки

од Nikola Popovski

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека околу 17:25 часот започнал пожар на кровна конструкција од барака (куќа) на ул. „Бранко Заревски“ бр.36. во Драчево, Скопско.

Пожарот се проширил и биле зафатени две бараки (куќи). Противпожарната бригада интервенирала со девет противпожарни возила и 25 пожарникари.

-Нема повредени во пожарот, а причинета е материјална штета. Се работи на расчитување на теренот, информирал Звонко Томевски, командир на БППЗ на Град Скопје.

Слични содржини