Малолетник удрил во столб и се здобил со тешки повреди

од Nikola Popovski

МВР информира дека вчера на улицата „Теодосиј Гологанов“ во Скопје, малолетник кој управувал мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот и удрил во бетонски столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини