Маск: Пристигнува уште поевтин Модел 3

од desk2

Извршниот директор на Тесла, Елон Маск, најави почеток на продажбата на Модел 3, најбараниот модел од нивната компанија по до сега најпристапни цени.

Тој во четвртокот на Твитер објави дека почнува продажбата на Моделот3, кој со федералните и локалните субвениции чини 35.000 долари.

На сајтот на компанијата наведена е основната цена од 45.000 долари, во која не се пресметани бенфициите и субвенциите, кои во Калифорнија, американската сојузна држава наклонета кон електрични автомобили, ги намалуваат трошоците за набавка на Моделот 3 за дури 10.000 долари.

Тесла оди и понатаму па реалната цена на возилото ја пресметува на 30.700 долари, ако се пресметаат заштедите за гориво кое би го потрошило возило со таква големина кое е со бензински мотор.

Слични содржини