Матуранти починале во растојание од неколку часа во Грција: Дали пиеле нелегални пијалоци?

од Stefanija Kuzmanovska

Грчката полиција истражува дали двајцата ирски ученици кои викендов загинаа на островот Џос пиеле нелегални пијалоци.

Според „Дејли Мејл“, 18-годишните Ендрју О’Донел и Макс Вол починале во растојание од само 24 часа.

Тие беа на одмор славејќи ја матурата со своите пријатели од училиштето Сент Мајкл. Се верува дека О’Донел паднал и ја удрил главата додека одел покрај карпите до неговиот хотел во раните утрински часови во саботата по ноќното излегување во Хора, главниот град на Иос.

Неговото тело по опсежна потрага е пронајдено во ендек околу 10:30 часот во неделата наутро. Полицијата соопшти дека истражува дали се работи за напад и дали пијалоците што ги пиеле тој и неговите соученици можеби биле нелегални.

Веста за неговата смрт била голем шок за Макс Вол кој паднал и починал од шок подоцна во неделата. Според локалните медиуми, младиот човек имал проблеми со срцето.

Слични содржини