Мбапе: Горд сум на тимот, сонувам да ја освојам Лигата на шампионите со ПСЖ

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека е чест да му се помогне на тимот да ја освои Лигата на шампионите.

Мбапе постигна два гола за победата на парижаните од 4-1 на гостувањето кај Барселона, со што тимот се пласираше во полуфиналето на најпрестижниот клупски турнир со вкупен резултат 6-4. По натпреварот тој изјави дека не размислува за својата иднина, туку само како да му помогне на ПСЖ да го освои трофејот во Лигата на шампионите. Се верува дека тој сигурно ќе го напушти тимот на лето, бидејќи се очекува да потпише со Реал Мадрид.

„Сонувам да ја освојам Лигата на шампионите за Париз. Отсекогаш сум бил горд што играм за овој тим, уште од мојот прв ден овде. Имаме уште еден чекор пред финалето на Вембли. Мораме да останеме смирени”, изјави големата ѕвезда на францускиот фудбал.

ПСЖ во полуфиналето ќе се сретне со Борусија (Дортмунд), која во другото четвртфинале го елиминира Атлетико Мадрид со вкупен резултат 5:4 од двата меча.

„Денеска исфрливме одличен тим, но и да бевме елиминирани, немаше да ме направи помалку горд што сум Парижанец. Но, сега, во ноќи како оваа, се чувствувам уште погорд. Среќни сме што победивме тим како Барселона и дека сме на чекор до финалето Оваа победа е за сите наши навивачи да се гордеат“, објасни Мбапе.

Слични содржини