Мекејн: Мошне ме загрижува потенцијалната конфронтација на Балканот

од Vladimir Zorba

 

Американскиот сенатор и претседавач на Комитет на Сенатот за вооружени сили, Џон Мекејн изјави денеска дека е мошне загрижен поради „тензиите, ривалството и потенцијалните конфронтации“ на Балканот и најави дека САД следната недела ќе го ратификуват протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО.

– Тоа го бара вниманието на Европската унија, НАТО и на сите сојузници да се обидат да спречат некои од тие заканувачки и потенцијално заканувачки кризи, изјави Мекејн на Бриселскиот форум на Германскиот Маршалов фонд во САД.

Тој истовремено укажа на значењето на приемот на Црна Гора во Алијансата, изразувајќи уверување дека САД следната недела ќе го ратификуваат Проколот за пристапување на Црна Гора во НАТО.

Најавувајќи го гласањето за членството на Црна Гора за понеделник Мекејн изрази уверување дека големо мнозинство членови на Сенатот ќе го поддржат.

Слични содржини