Меланија Трамп ја почна кампањата „Биди најдобар“

од desk4

 

 Првата дама на САД Меланија Трамп ја почна кампањата „Биди најдобар“, која има за цел на децата да им се укаже на важноста на социјализацијата, емотивното и физичкото здравје.

Иницијативата е насочена кон промовирање на здравиот начин на живот, користењето на социјалните мрежи на позитивен начин и борбата против злоупотребата на опиоидите, изјави Меланија Трамп.

– Морален имепратив на нашата генерација е да преземе одговорност и да им помогне на децата, истакна сопругата на американскиот претседател.

Доналд Трамп ја поддржа кампањата на својата сопруга и нејзиниот говор го нарече „прекрасен и искрен“

Слични содржини