Мета отпушти значителен број вработени од тимовите за борба против дезинформации

од Vladimir Zorba

Мета отпушти значителен број вработени од тимовите за борба против дезинформации, тролови и вознемирување на своите платформи, предизвикувајќи загриженост за изборите во САД во 2024 година, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Неколку членови на тимот за дезинформации на Мета за време на среднорочните избори во САД во 2022 година беа отпуштени минатата есен и пролет, рече изворот.

Портпаролот на Мета не прецизираше колку луѓе се отпуштени од тимовите кои работат на изборите, но само рече дека „заштитата на изборите во САД е еден од приоритетите на компанијата.“

Новата платформа на Мета, Тредс доби 100 милиони корисници за пет дена, вклучително и познати личности и инфлуенсери, но и контроверзни личности.

„Гардијан“ наведе дека за само 24 часа, американските десничари Ричард Спенсер и Ник Фуентес, кои веруваат во превласт на белата раса, се приклучиле на Тредс.

CNN предупредува дека тимот на Мета за борба против лажните вести и дезинформациите нема да има доволно персонал со предизвиците што претстојат.

Во 2024 година ќе се одржат важни настани во САД, Тајван, Украина, Индија и други земји.

Слични содржини