Минале 25 дена на море не знаејќи дека светот го зафати пандемија: Кога сакале да се закотват дознале за коронавирусот

од Aleksandar Petrovski

Во 2017 година, Елена Манигети и Рајан Озборн се одлучиле за она што многумина сонуваат – тие се откажале од својата работа, купиле брод и решиле да патуваат низ целиот свет, пренесува Би-Би-Си.

Ги замолиле нивните семејства да останат во контакт, но со правилото да нема лоши вести.

Двојката, која живееше во Манчестер, минатиот месец отпатувала преку Атланскиот океан од Канарските острови до Карибите, додека, за нив непознато, вирусот корона се ширеше низ целиот свет.

По 25 дена на море и со малку комуникација со надворешниот свет, парот планирал да слета на мал остров кон средината на март. Меѓутоа, кога успеале да го фатат телефонскиот сигнал, сфатиле дека островот е затворен и дека светот е зафатен од пандемија за која не знаеле.

Семејството на Елена е од регионот Ломбардија во Италија, најтешко погодено од вирусот корона.

Тие рекле дека прво се обиделе да се закотват на Карибите, но кога пристигнале откриле дека сите граници се затворени. Двојката тогаш планирала да патуваат во Гренада и кога дошле во оф-шор област каде сигналот 4G бил доволно добар, сфатиле што се случува и колку се шири епидемијата.

„Нашата пријателка веќе беше во Сент Винсент и можевме да стапиме во контакт со неа, но таа ни рече дека ќе ни биде одбиен влезот затоа што јас сум италијанска државјанка, иако не бев во Италија со месеци“, вели Елена.

За среќа, благодарение на сигналот GPS, парот бил во можност да докаже каде патувал и не бил во Италија со месеци.

„Кога се закотвивме, се јавив кај татко ми и тој ми рече да не паничам. Ми испрати текст од Њујорк Тајмс за нашиот град и јас бев шокиран“, рече Елена.

Таа и Рајан моментно се безбедни во Сент Винсент, но се загрижени затоа што не знаат колку можат да останат таму.

Цел им е повторно да запловат пред да започне сезоната на ураганот во јуни, но знаат дека државите се затворени поради епидемијата.

„Ние сме во сендвич помеѓу сезоната на урагани и вирусот“, вели Елена.

Слични содржини