Министерството за култура работи на решение за состојбата во Филхармонија

од Nikola Popovski

Министерството за култура интензивно работи на решение после незадоволството од владината одлука новоформириот Национален џез-оркестар да биде сместен во нивните простории и наведуваат дека набргу ќе го сподели со сите засегнати.

-Впрочем, тоа им го вети и министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска на неколкуте средби.

Веруваме дека на филхармоничарите набргу, кога ќе го слушнат решението, ќе им биде јасно дека со одлуката за привремено останување на џез-музичарите во Филхармонијата до правното регулирање на нивната НУ, никој немал никаква заднинска намера.

Нема логика Министерството за култура, под чија надлежност се сите национални установи, значи и Филхармонијата и новоформираниот Џез-оркестар, да работи на штета на која било од нив, велат од ресорот Култура.

Според претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски, вработените во Филхармонија неправедно се ставени во ситуација да се бранат од оние кои треба да ја штитат оваа институција. Затоа, како што рече, одлучиле да се спротистават со мирни протести, се до конечна промена на оваа одлука.

Слични содржини