Мицкоски: Прашањето на референдумот не смее да биде двосмислено

од desk2

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во изјава по лидерската средба, рече дека референдумското прашање мора да биде јасно, а не двосмислено и поврзано со ЕУ и НАТО.

– За референдумот првото прашање беше за карактерот второто за текстот на референдумот, но и деталите. Ние ги застапувавме интересите на граѓаните со почитување на Закони и Устав, вели Мицкоски.

Мнозинството е тоа кое е надлежно да распише референдум и да го формира прашањето, но ние се обидовме да спречиме насилие, позицијата ни е јасна, вели тој.

– Референдумското прашање мора да е еднозначно, да има едно значење, а не да биде поврзувано и тука имаме разлики, вели Мицкоски.

Додава дека за успешен ќе се смета референдум на кој се исполнети условите, излезеноста да е поголема од минимум 50 проценти плус еден.

– Не може да се сложиме за прашање со повеќе значења, вели Мицкоски по средбата и додава на новинарско прашање дека мора да е стриктно само за Договорот со Грција.

Слични содржини