Момче претепано во дискотека во Градскиот парк

од Nikola Popovski

Момче пријавило дека било физички нападнато во ноќен клуб во Градскиот парк, информираат од МВР.

Според пријавеното настанот се случил во саботата утрото.

-На 10.12.2023 во 04.50 часот во СВР Скопје Л.А.(20) од Скопје пријавил дека околу 03.20 часот во дискотека во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, стои во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини