Најголемите социјални мрежи недостапни ширум светот

од desk2

Како што јавуваат светските медиуми, најголемите социјални мрежи не се достапни во повеќе делови од светот.


Корисниците ширум Европа имаат технички проблеми со користењето на Фејсбук, додека корисниците од Малезија и САД, покрај проблемите со Facebook, немаат пристап ни на Instagram и WhatsApp.

Неможноста за пристап на Facebook, Instagram и WhatsApp е забележана и во Македонија.

Интернет сајтот Downdetector, кој ги следи проблемите во работата на популарните социјални мрежи и сајтови, навел повеќе стотина забелешки на функционирањето на трите социјални мрежи во сопственост на Facebook.

Сајтот објавил и мапа и од деловите на светот од кои доаѓаат најмногу забелешки на работата на Facebook.

Се претпоставува дека падот на мрежата е предизвикан од измените во работата на кампањите за огласување, кои се најавувани подолго време.

Во меѓувреме, бројни корисници на социјалните мрежи користат Twitter, како алтернативно решение.

Некои во овој момент со проблемот се забавуваат на шеговит начин.

https://twitter.com/StevenLobel4/status/1117377196706942976

Слични содржини